Двајца повозрасни пешаци тешко повредени во Куманово

Двајца повозрасни пешаци настрадаа во Куманово. 

На 20.09.2022 во 09.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, товарно моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(40) од Куманово, удрило во пешакот В.С.(81) од Куманово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила В.С. констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата. 

На 20.09.2022 во 14.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Народна Револуција“ и ул.„Перо Шварц“во Куманово, патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(70) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(60) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во денешниот билтен.