
Пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, при што три лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, побарале лекарска помош поради вдишување чад.
Од МВР информираат дека вчера во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на Г.С.(36).
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар. Поради вдишување чад, на преглед во Ургентниот центар во Гостивар се јавиле Х.Џ. од Гостивар и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар, кои учествувале во интервенцијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.