Двајца планинари од Скопје загинаа на Кајмакчалан

Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.

Загинатите планинари биле членови на планинарското друштво „Трансверзалец – Скопје“, кое и е организатор на планинарската тура, потврдуваат извори од друштвото за „Слободен печат“. Оттаму велат дека иако планинаската тура не е тешка сепак веројатно густата магла е причината заради која планинарите кои се одвоиле од групата се изгубиле.

Засега од друштвото не може да дадат повеќе информации, бидејќи другите нивни членови кои биле дел од групата која броела 50 луѓе се уште се во Грција.

Грчките медиуми јавуваат дека се пронајдени телата на заскитаните планинари (маж на 35 и девојка на 25 г) во областа Свети Илија на Кајмакчалан. Се смета дека се туристи кои се изгубиле низ планината одделувајќи се од група планинари.Ја минале македонската граница и навлегле на територија на Р.Грција .

Грчките спасувачи учествувале со 3 возила и тринаесет пожарникари и други специјалисти за нивно извлекување. Сепак, нашето МВР потврдува за инцидентот, но не и дека планинарите се мртви.

МИА од грчки извори: Планинарите загинале по пад во бездна

– Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.

Две лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна.

Според информациите на МИА од Атина, најверојатно станува збор за 25 годишна девојка и 35 годишен маж, планинари кои биле во група од околу 50 лица во областа Агиос Атанасиос, Пела,а се разделиле од групата и се загубиле.

Грчката противпожарна служба, вчера добила повик за помош и од 14.30 часот, започнала спасувачката акција со три возила и 13 спасувачи. Доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но за жал не давале знаци на живот. По лоцирањето на местото каде што паднале двајцата планинари, од рано утрово, траеше акцијата на грчките пожарникари за извлекување на телата на планинарите.