Двајца пешаци повредени во сообраќајни несреќи во Скопје

Двајца пешаци вчера биле повредени во сообраќајни несреќи во Скопје.

Според МВР, првата несреќа се случила околу 09,20 часот  на булеварот„Александар Македонски“, кога „сеат алтеа“ со скопски регистерски таблици управувана од М.А. (32) од Скопје удрила во Н.Т. (39) од Скопје. Со повреди се здобил пешакот и со возило бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Втората несреќа се случила во 14,30 часот на улицата „Васил Ѓоргов”, каде Р.В.(69) од Скопје управувајќи „сеат ибица” со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот М.Е.(61) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош повредената била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.