Двајца од преживеаните во пожарот во Тетово сè уште се во болница

Само двајца од преживеаните пациенти во модуларната болница во Тетово сѐ уште во болница, додека другите десет се пуштени на домашно лекување, пишува локалниот портал Глас.мк.

Се работи за пациенти сместени во ковид-центарот во Клиничката болница во Тетово, со пост-ковид симптоми, информираат лекарите.

Во пожарот на 8 септември загинаа 14 луѓе, а 12 пациенти беа повредени.

Инаку, состојбата со вирусот во тетовско од ден на ден се стабилизира. Голем дел од хоспитализираните се невакцинирани, има и такви со примени две дози вакцини, но со полесни симптоми, затоа од болницата со уште еден апел процесот на имунизација во тетовско да продолкжи со уште позасилено темпо.