Двајца нападнале 75-годишна жена додека влегувала во лифт во Аеродром и ѝ го украле паричникот

Вчера, 75-годишна жена била физички нападната од две лица додека влегувала во лифт во зграда во општина Аеродром. Напаѓачите ѝ го одзеле паричникот со пари и документи.

„На 13.10.2026 околу 11:10 часот во СВР Скопје В.Т.(75) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, додека влегувала во лифт од зграда, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле паричникот со пари и документи“, информираат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.