Двајца млади скопјани се шетале на Бит Пазар со ножеви

Вчеравечер полицијата уапси две млади момчиња од Скопје бидејќи поседувале ножеви. 

- На 10.01.2025 во 21.45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.С.(23) и С.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.