Двајца мажи се степале во Илинден

Минатата ноќ се степале двајца мажи во скопската населба Илинден.

- Утрово во 01:30 часот во СВР Скопје, В.А.(37) од Скопје пријавил дека на 28.02.2023 околу 22:10 часот во населбата Илинден бил физички нападнат од Г.И.(59) од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.