Двајца малолетници се обиделе да ограбат врсник во центарот на Скопје - полицијата ги уапсила

Синоќа во 20:40 часот на улицата „11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид, информираат од МВР.

Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари, но откако не успеале побегнале од местото.

„Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.