Двајца малолетници повредени во сообраќајки вчера

Две малолетни лица се повредени вчера, во две одделени сообраќајки.

-На 17.07.2022 во 21.50 часoт во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во  близина на с.Горно Седларце, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(35) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, соопшти полицијата. 

Во друг случај, исто така вчера, во 07.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Врбјани и с.Сливово, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.З.(21) и уште еден малолетен сопатник од Гостивар, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.