Двајца малолетници од Скопје се лишени од слобода, заради извршени кривични дела „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени и одземени три електрични тротинети и клучеви од две моторни возила
-На 20.09.2022 во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Карпош и Единицата за интервентна полиција Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие биле фатени по извршени кривични дела „тешка кражба", при што кај нив биле пронајдени и одземени три електрични тротинети и клучеви од две моторни возила.- се вели во кусото соопштение на МВР.
Малолетниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.