Двајца малолетници од Крива Паланка кривично ќе се гонат за тешка кражба

Двајца малолетници од Крива Паланка се сомничат дека со физичка сила и алат влегле во службени простории на правен субјект и украле пари од дневниот промет.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 04.07.2026, пријавените со употреба на физичка сила и алат влегле во службени простории на правен субјект од Скопје - подружница Крива Паланка и одзеле пари од дневниот промет“, соопштија од МВР.