Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус.

Станува збор за еден член на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка којашто е во изолација во болница во Франција, информираат од Министерството.

За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

Министерот Венко Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.