Двајца француски државјани упаднале во касарната „Страшо Пинџур“

Двајца француски државјани упаднале во касарната „Страшо Пинџур“ со две агресивни кучиња. Откако одбиле да се легитимираат, дежурниот во касарната испукал куршум во воздух, по што странците биле приведени.

Според информациите на МВР, вчера околу 23:20 часот во касарната „Страшо Пинџур“ вработен кој бил во дежурната служба забележал патничко моторно возило „форд галакси“ со романски регистарски ознаки, во кое биле две лица, и истото запрело во близина на касарната. По кратко време од возилото излегло едно лице кое со две кучиња влегло во просторот на касарната.

Во обид да биде легитимиран од страна на дежурниот, кучињата станале агресивни, по што дежурниот испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Лицата се приведени, при што е утврдено дека се работи за М.Д.Б.Д.(22) и Н.М.А(23), двајцата од Франција. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.