Двајца епидемилози кои работат во Институтот за јавно здравје се позитивни на Ковид 19, неофицијално дознава Скопје Инфо. Според информациите ова се стручните лица кои ги прават анкетите и кои собираат информации од лицата кои се потенцијално заразени од коронавирусот.
Неофицијално, заразата кај овие две лица сериозно ќе се одрази на понатамошната работа на институтот за јавно здравје со оглед на тоа дека вкупниот број на епидемиолози кои работат во оваа институција е пет. Неофицијално, во следните денови ќе се намали бројот на земени брисови и направени тестови, а со тоа и бројката на лица кои се позитивни треба бележи надолна тенденција.