Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија по предлог на антитерористичката единица

Албански „Топ ченел“ објави, а ТВ21 пренесе дека Министерството за внатрешни работи во Албанија прогласило двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, наводно поради сомнителни активности против албанската држава.

Според изворите на новинарката на „Топ ченел“, Анила Хоџа, двајца граѓани од Северна Македонија биле прогласени за непожелни, против кои постојат докази за активности штетни за албанската држава.

Извори на новинарката Анила Хоџа ѝ посочиле дека одлуката била донесена по предлог на антитерористичката единица во Државната полиција.

Потврда била дадена и од Министерството за внатрешни работи, кое ги прогласи за „нон грата“ Валон Беља, односно Ваљон Бела и Бекир Халими, двајцата со македонски државјанства.