
Двајца браќа биле нападнати од лице кое го познавале во скопското село Идризово.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.И. пријавил дека во селото Идризово, тој и неговиот брат биле физички нападнати од лице кое го познавале и кое со остар предмет му нанело расекотина на неговиот брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.