Двајца Австријци се повредни во несреќа со мотоцикли во охридско

Двајца Австријци се повредни во несреќа со мотоцикли во охридско. 

Како што известија од полицијата вчера околу 12.20 часот во СВР Охрид било пријавено е дека на планински пат од селото Ливоишта кон селото Требеништа, охридско, дошло до самоповредување во кое австриски државјани А.Х. (50) управувајќи моторцикл „КТМ“ изгубил контрола над моторот и паднал на земјениот пат, додека пак В.Д.М. (54) исто така австриски државјани управувајќи моторцикл марка „хонда“ во обид да избегне судир со паднатиот моторциклист, закочил и излетал од планинскиот пат.

Во несреќата В.Д.М се здобил со тешки телесни повреди, а А.Х. со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.