Двајца Американци свиреа македонско оро на плоштад во Бостон (видео)

Звуци од родната земја го развеселија Македонецот кој преку плоштадот Копли во Бостон, САД се упатил кон аеродромот.

„Одев кон аеродромот во Бостон, кога ги слушнав овие познати звуци кои апсолутно не ги очекував. Двајца музичари свиреа македонска музика на плоштадо Копли. Ви благодарам што ми го разубавивте денот дечки. Ми го разубавивте патувањето на најнеочекуван и изненадувачки начин“ – пишува Македонецот кој ги снимил двајцата Американци додека свират македонско оро.