
Вчера околу 13:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во струмичкото село Мокриево се случила сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници кои управувале мотоцикли.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата учествувале мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од село Мокрино, струмичко кој управувал без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Мокриево, кој исто така возел без возачка дозвола.
При инцидентот, малолентикот од село Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.