Дваесет возачи возеле без дозвола, а исто толку пијани

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.  Во текот на изминатите 24 часа, дваесет возачи управувале со моторно возило без возачка дозвола. 

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола, информираат од полицијата. 

Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.