Два златни и еден бронзен медал за младите македонски каратисти од Балканското првенство во Дубровник

Изминатиов викенд во Дубровник, Хрватска се одржа 19-то Балканско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).

На првенството учество земаа 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.

Каратистите на Макпетрол на ова првенство кое имаше и дополнителен критериумски карактер за влез во националната селекција, направија извонреден успех.

Тие успеаја да освојат 2 златни и 1 бронзен медал.

Најуспешен натпреварувач на ова првенство секако е Петар Спасеновски, кој успеа во највозрасната натпреварувачка категорија на постари јуниори У21  да влезе во финалето и да го освои златниот медал. Неговата доминација беше на многу високо ниво така што во 5 последователни борби, неговите противници не успеаја да освојат ниту еден поен, а тој освои дури 13 поени.

Абдурахим Идризи е вториот спортист кој успеа да освои златен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.

Со бронзен медал се закити Глигор Петков, кој немаше среќа да влезе во финалето, бидејќи при нерешен резултат 1-1, беше неправедно дисфалификуван на само 15 сек, до истекот на борбата.

Бошко Заборски тренер на Макпетрол изјави:

„На ова првенство ние заминавме максимално подготвени и бевме решени да направиме голем успех. Сакам да истакнам дека во голема мерка успеавме во планираното. Резултатите секако дека можеа да бидат и поголеми, само ако првиот ден се обезбедеше тренерска Акредитација за уште еден наш тренер, кој ќе ги предводеше докажаните спортистки Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска, кои за жал останаа без медал, иако тие две минатата година беа финалистки. На првенството имаше многу голема конкуренција, правилата дозволуваат од секоја држава да се пријавуваат најдобрите 4 спортисти во секоја тежинска категорија, тој податок  сам по себе зборува дека многу тешко е да се освои медал на ова натпреварување. Бидејќи ова првенство имаше и критериумски карактер ние успеавме да избориме 5 (пет) места во репрезентацијата на Македонија, која ќе земе учество на Европското првенство во месец фебруари 2019 година во Данска. Тој момент за нас беше и најважен како краен резултат од ова натпреварување“- заврши Заборски.

Патот до медалите за сите каратисти на Макпетрол беше следен:

Постари јуниори -84 кг (У-21) Петар Спасеновски – златен медал

1.Петар Спасеновски – Самед Гок (Турција) 1-0
2.Петар Спасеновски – Ренато Ресетар (Хрватска) 5-0
3.Петар Спасеновски – Нтерос Анастасиос (Србија) 1-0
4.Петар Спасеновски – Бојан Јовановиќ (Србија) 5-0
5.Петар Спасеновски – Хамза Цајиќ (БиХ) 1-0

Јуниори -55 кг Абдурахим Идризи Златен медал

1.Абдурахим Идризи – Никола Лазовиќ (Србија) 4-3
2.Абдурахим Идризи – Јаков Фембер (Хрватска) 3-0
3.Абдурахим Идризи – Марко Михајловиќ (Србија) 3-0
Финале
4.Абдурахим Идризи – Мухамед Сумар (БиХ) 3-0

Глигор Петков :Бронзен медал Јуниори +76 кг 

1.Глигор Петков – Мустафа Михаел (Србиуја), 8-8

2.Глигор Петков – Карачич Адријан (Хрватска) 3-0

3.Глигор Петков – Дедович Муниб (Босна и Херцеговина) 5-1

4.Глигор Петков – Недич Саша (Босна и Херцеговина) 1-1 дисфалификација

5.Репасаж: Глигор Петков – Клобаса Алекс ( Словенија) 10-2