Два земјотреси ноќеска во Македонија

Два земјотреси ноќеска имало во Македонија, објавено е на веб страницата на Европскиот сеизмолошки центaр. 

Првиот земјотрес во 1.53 часот од 2.5 степени бил на длабочина од 2 км и со епицентар на 16 км од Охрид.  Во 2.49 часот по полноќ имало земјотрес од 2.5 степени, на длабочина од 2 км, со епицентар на 9 км од Ресен. 

Земјотрес утрово имало и во соседна Албанија, Грција, во Турција имало повеќе потреси, во Чешка и други држави.