Два стана горат во Ново Лисиче, чад низ целата населба

Два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче се во пламен. Чадот е раширен низ целата населба.

Пожарникарите од скопската бригада се натерен и работат на гасење на пожарот. Пристигна и трет противпожарен камион.