Два случаи на каснување од куче во Кисела Вода

Две пријави за каснување од куче вчера во полициската станица во Кисела Вода.

На 20.06.2021 во 23.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.В.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.06.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.С.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.