
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека биле поставени два километри нов асфалт до и околу црквата „Свети Архангел“.
„Крај на калта во овој дел од Ново Село. Асфалтирани се седум краци, со вкупна должина од околу два километри нов асфалт, на потегот до и околу црквата „Св. Архангел“, со што за првпат се уредува поголем дел од овој простор“, истакна Стојковски во објавата на Фејсбук.
Тој посочи дека тоа за граѓаните значи подобар пристап до домовите, побезбедно движење и уредена локална инфраструктура.