Два инциденти поврзани со наставници во Куманово, и двајцата нападнале ученици

Вчера во два одделни настани биле пријавени двајца наставници во Куманово поради напад на ученици.

Првиот настан е од 17:30 часот каде во полициска станица во Куманово било пријавено физички напад од страна на наставик. Нападот го пријавил таткото Д.И.( 41) на нападнатото момче. Тој посочил дека неговиот син бил физички нападнат од Д.Д.

Вториот настан е пријавен во 21:05 часот каде М.Б од Куманово пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од 27-годишниот М.Љ. вработен како наставник во училиштето. Претходно М.Љ. во 17:00 часот пријавил дека додека бил во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило со нож поради претходно недоразбирање во врска со ученик од училиштето.

Од МВР велат дека и во двата случаи се преземаат мерки за расчистување и ќе бидат поднесени соодветни пријави.