Два дефекти на водоводната мрежа, без вода делови од Скопје и Моране

Поради два водоводни дефекти, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје и во скопското село Моране.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на булеварот Македонско-косовска бригада, спроти новата џамија, прекинот во водоснабдувањето започнал во 10:30 часот.

Вода нема да имаат корисниците на овој булевар до завршување на работните активности.

Втор дефект е регистриран на улицата 2, број 244, во село Моране, каде што поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри, дел од жителите останале без вода од 9:55 часот.

Прекинот во Моране ќе трае до завршување на работните активности.