Два часа сообраќајот ќе биде пренасочен - попладне презентација на новата противпожарна скала

Противпожарната Бригада на Град Скопје и специјалните единици за спасување на Министерството за внатрешни работи вечерва во 19:30 часот ќе изведат јавна презентација за новата противпожарна скала.

Презентацијата ќе се одвива на улица „11 Октомври“, на потегот од Тутунски комбинат до крстосницата кај Црвен Крст. За таа цел, во период од 18:00 до 21:00 часот сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен.

На настанот ќе се обрати градоначалникот Петре Шилегов.