Два часа по Нова година: Се запали стан во Карпош - интервенираа пожарникарите

Скопјанец вчера пријавил дека му се запалил станот во Карпош.

- На 01.01.2023 околу 02.10 часот во Полициска станица Карпош, Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.