Два автомобила во Скопје опожарени во текот на вчерашниот ден

Опожарени две возила на подрачјето на Скопје, во текот на вчерашниот ден. 
Денеска (02.12.2022) во СВР Скопје било пријавено дека во 03.10 часот на ул.„Фуштанска“ настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.С.(30) од Скопје. Повредени лица нема. Увид бил извршен. 

Денеска (02.12.2022) во СВР Скопје било пријавено дека во 01.20 часот на ул.„Антон Попов“ настанал пожар во патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П.(44) од Скопје. Повредени лица нема. Увид бил извршен.