
Скоро 3 промили алкохол во крвта му биле измерени на 39-годишен возач, кој бил запрен при сообраќајна контрола во Дебар.
Како што информираат од МВР, вчера во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р. (39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше.
Тој управувал автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаки, а при контролата било утврдено дека во крвта имал 2,98 промили алкохол.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Безобѕирно управување со моторно возило“.