Дувна ветре разбисмогче

Не поминаа ниту 24 часа откако власта поради аларматното загадување издаде препораки до граѓаните да седат дома, а во Скопје утрово ветрот го растера загадениот воздух и скопјани се разбудија во бран кислород.

Имено, со години се повторуваат истите препоркаи – да се користи јавен превоз, да се ограничи движењето, младите и хронично болните да седат дома…и во тоа нема ништо лошо.

Концентрациите на опасните ПМ10 честички утрово во најголем дел од земјата се на граница или  под максималната граница на дозволеното. Единствено мерните станици во Струмица, Тетово, Кичево и Кочани регистрираат високи концентрации на ПМ10 честички.

На денешниот ветер се израдуваа и твитерџиите: