Душо, маче, срце...мед им тече од уста се додека не им свртиш грб

„Срце па кај си од кога не сме се виделе, многу убаво изгледаш“...„Душичке не се секирај ја ќе ти помогнам па ти зошто до сега не ме побара мене“...Низ блага навидум пријатна насмевка, овие луѓе честопати имаат друга заднина за разлика од тоа што го зборат. Дали досега сте имале средба со вакви луѓе? И колку пати сте помислиле дека навистина се толку добри и фини како што зборуваат?

-Тоа е лицимерството освен шо може да се открие по некои постапки (на пример: премногу комлименти, умилкување, смеење, душо, срце...) може да се познае и по некои физички знаци (некои велат дека на лицимерните луѓе очите "им играат" како на лисица). Со такви личности треба да се игра мудро и со резерва. Не им ги доверувајте своите тајни, и не им верувајте слепо на се шо ќе кажат. И јас имав еден ваков случај. Ништо. Едноставно се одалечивме малку, согледав како стојат работите. Денес сме блиски, но не толку колку шо некогаш бевме. Тоа никогаш нема да го имаме повеќе. Од мое лично искуство ве советувам дека не треба на сите слепо да им веруваме и да се "крстиме" на нив. Еднаш се изгорев,и никогаш повеќе. Денес внимавам на кого му верувам и колку му верувам, вели Маја (34).

-Секој се труди да ги избегни своите проблеми и неслучајно за тоа се обидува да исмева некој друг, со цел да се оддалечи тајно од своите проблеми наметнувајќи колку некој друг бил на пониско ниво од него. Од тука произлегуваат сите озборувања. Омразата доаѓа како последица на љубомората. Да чувствуваш љубомора автоматски те отсликува како неуспешна личност и незрела да превземи нешто креативно во животот, Елена (27).

-Секој се плаши или незнае правилно да се изрази преку зборови, секој што има добар речник на изразување претежно си ја прикрива интимата со цел залудно сметајќи и ставајќи се во филм каде тој е човекот што знае да живее на вистински начин надмоќен во однос на други. Кога одите дома, и кога од 100 метри ќе ве забележи кучето, зема да трча кон вас и вие го гушкате со огромна енергија и љубов. Значи тука чисто се сведува на енергија, нема зборови. Туку животните се секогаш искрени. Можеш да имаш 1-2ца на кој потполно би му верувал, со другите колку повеќе познатства имаш и колку повеќе површински муабет имаш со нив толку повеќе ти е посупер. Штом задлабочиш особено искажувајќи искреност, толку повеќе тоа ќе ти се врати како бумеранг но во поинаква форма, објаснува Филип (35).

-Како и да е, лицемерието, според мене, е израз на страв и потреба за прифаќање. Особата смета дека ако се покаже во вистинското светло, ќе биде отфрлена и нема да го добие твоето внимание, љубов, помош и сл., па почнува да става "маски" кои верува дека ќе ја направат поприфатена, посакана итн. Но, тие маски не може да траат долго. Без исклучок доаѓа моментот кога се покажува вистинското лице, па двајцата останувате разочарании огорчени, вели Моника (33).

Сите денешни вести прочитајте ги тука.