Дури и да не успееме, се надевам дека ќе ме запомниш по овие работи...

Сѐ надевам дека нашата љубов ќе трае. Искрено се надевам.

Но, дури и да не успее, сакам да ме запомниш на следниот начин:

Сакам да ме запомниш стуткана до тебе, како го слушам твоето срцебиење и како со прстите минувам по твојата кожа.

Се надевам дека ќе памтиш како се смејам на твоите шеги, дури и на оние глупавите.

Памти ги и моите солзи кои некогаш се јавуваа и без никаква причина.

Памти ја мојата храброст, памти ја мојата страшливост, памти ја мојата ранливост која ја чував само за тебе.

Памти ме како среќна девојка и памти ги сите начини со кои сакав да го добијам твоето внимание.

Памти ја мојата тврдоглавост која те излудуваше тебе, ама морам да признаам и мене.

Памти ги сите наши „први“ работи.

Памти ги песните кои заедно ги слушавме и сите будалести сонови кои ги сонувавме.

Ако дојде до тоа, не сакам да го памтиш крајот.

Памти го почетокот.

Затоа што беше навистина проклето добар почеток.