Дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство

Источна Македонија се сели надвор од границите- причините се политичката нестабилност, лошата економска состојба, политичката нестабилност и ниските плати се клучните фактори за иселување на младите во странство.

Истражувањата на невладината организација Ини покажуваат заггрижувачки податоци ,дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство.

Најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Италија и Словенија.Во италијанскиот град Канели благодарение на виничани повеке се зборува македонски,отколку италијански. Млади речиси и да нема. Во овие градови останати се само оние кои успале да се вработат во државни институци додека сите останати својот напредок го гледаат надвор од границите.

Статистиката говори дека во КОчани,ВиницаКаменица и Делчево на 120жители се раѓа едно новороденче, а во Берово, Пехчево и Пробиштип на секои 150.

Иселувањето на младите во некој од европските држави е проблем и на останатите соседи.И таму причините за напуштањето на родните огништа се исти како и во Македонија.Се претпоставува дека во потрага за подобар живот изминатите неколку години се иселиле околу 1,5милион млади луге од Западан Балкан.