Дури 18 лица возеле без возачка дозвола во Ѓорче

Дури 18 луѓе без возачка дозвола биле фатени вчера во Ѓорче Петров. Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 119 мерки, од кои 18 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за возење под дејство на алкохол, 4 за технички неисправни возила од јавниот превоз, 11 за минување на затворен семафор (црвено светло), 16 санкции за користење на мобилен телефон и 7 санкции за некористење сигурносен појас. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.