Дуња и Даела вистинска светска атракција: Се освежуваат на пеколните температури

Пеколните температури кои ја зафатија земјава, не им пречи само на луѓето туку и на животните.

Слониците Дуња и Даела во скопската зоолошка градина се разладуваат со вода на високите температури, но исто така двете уживаат и во езерцето во нивното живеалиште. Видеото за нивното разладување го обиколи светот, но и регионот.

Слониците беа пренесени на бугарската национална телевизија, но нивното летно освежување стана апсолутен хит и кај американските медиуми.