Дуња и Даела ќе бидат во карантин пред да се сретнат со посетителите

И се е спремно за дочек на новите слоници во скопската Зоолошка градинка, која за прв пат после 26 години ќе биде дом за слонови. 

Од Зоолошката градина известуваат дека слониците неколку дена ќе престојуваат во карантин во нивното живеалиште, пред да се сретнат со посетителите. 

Таму тие ќе бидат под постојан надзор на нивните негуватели кои ќе спијат со нив, со цел слониците да се навикнат на новото живеалиште. Овие критериуми се поставени од ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми).

Официјално посетителите ќе можат да се запознаат со слониците в сабота, за кога е закажан и музички хепенинг.