ДУИ со поддршка до МВР и Обвинителството: Итно да се истражи злоупотребата над животот и здравјето на пациентите

Демократската унија за интеграција изрази голема загриженост за случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија.

Од владејачката партија велат дека целосно ја поддржуваат акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството, а дополнително ги повикаа институциите да спроведуваат нови вакви истраги и во другите клиники и институции.

-ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции. Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрацијата, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва. Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик. ДУИ, исто така, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи, се наведува во партиското соопштение.