ДУИ прогласи победа во Кичево и Пласница

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на прес-конференција објави победа на кандидатите за градоначалници на ДУИ во првиот круг во општините Кичево и Пласница.

Ахмети додаде дека изборите се одвиваа мирно, без поголеми неправилности. Според него, на ниво на државата секаде водат кандидатите на ДУИ и, како што рече, тоа ќе биде 11. победа на партијата на какви било избори.

„Централниот изборен штаб на ДУИ е во постојан контакт со нашите претставници во другите општини и очекуваме поточни резултати многу бргу“, рече Ахмети на прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово.