
Во пресрет на новогодишните празници, туристичките агенции веќе на големо „менаџираат“ со понудите за дочекот на најлудата ноќ во годината.
Туристичките агенции ги споделија понудите за дестинациите и цените на аранжманите за предновогодишните патувања и организираните дочеци на Новата 2026 година. .
Традиционално, се нудат дочек во Белград, Истанбул, Виена... каде цените на аранжманите се околу 250 евра, зависно од типот на патување и бројот на денови.
За оние кои сакаат подалечна и полуксузна дестинација - Дубаи. Цените се движат околу 1.950 евра за две лица за седум дена во декември, додека токму на новогодишната ноќ цените се над 2.500 евра.
Северина и Здравко Чолиќ ќе пеат во Дубровик за дочекот на Новата 2026 година, па така има понуди и за таму. Настапи во Дубровник има закажано и Дино Мерлин.