Дуа Липа сепак не доаѓа во Македонија за референдумот

Британската поп-ѕвезда со потекло од Косово Дуа Липа сепак не доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот. Нејзиното име проструи низ етерот како висока гостинка од светскиот шоубизнис, по примерот на гостите од високата дипломатија од Европа и светот, пренесува Независен.

Скопје стана главен град на дипломатијата по посетата на германската канцеларка Меркел, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан, шефот на германската дипломатија Хајко Мас, генералниот секретар на НАТО Столтенберг, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, американскиот секретар за одбрана, премиери и министри во владите на најсилните европски земји.

-Владата не планира поп-пејачи од странство за поддршката ЗА европска Македонија и за претстојниот референдум на 30 септември, ни изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.