Државни субвенции за сончеви колектори

Министерството за економија по деветти пат го објави јавниот оглас преку кој граѓаните може да аплицираат за да добијат субвенци од државата за вградени сончеви колектори во нивните домови.

Од минатите години се согледува дека се повеќе расте бројот на македонските граѓании кои на своите покриви поставуваат сончеви колектори. Како што појаснуваат од ресорното министерството, граѓаните кои до 31 август годинава ќе постават сончеви системи на своите покриви ќе можат да добијат од државата надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи.

- Субвенција е во износ до 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра, односно околу 18.000 денари - појаснуваат од Економија и додаваат дека има услов, а тоа е претходно тие да го немаат искористено правото на претходно објавените јавни огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори.

Од Министерството за економија велат дека изборот треба да се реализира наесен на 22 септември преку јавно извлекување. Но пред да се случи јавното извлекување за да успешно се реализира програмата тие ќе формираат специјални комисии составени од по три члена,

Минатата година на јавниот оглас 640 баратели беа избрани и добија субвенци од Министерството за економија за купени и вградени сончеви колектори. Со тоа дел од нивните трошоци ќе се покријат, а за исплата на овие баратели беа обезбедни 6.000.000 денари од Буџетот на Министерството за економија.

Од ресорното министерство истовремено иформираат дека заклучно со 2015 година вкупно се субвенционирани 3.612 домаќинства, а исплатени се околу 46.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија.Со последните 640 одобрени субвенции од лани бројката се искачи на 4.252 домаќинства,а буџетот се зголеми за 52 милиони денари.

Според анализите на ова министерство 2015 година била рекордна година, оти 2.400 барања биле дојдени на нивната адреса. Тоа само потврдува дека од година во година расте бројот на македонските граѓани кои на покривите поставуваат сончеви колектори.

Најголемиот број од домаќинствата кои вградиле колектори, сончевата енергија ја користат за затоплување на санитарната вода, како и затоплување на цевките за радијаторите. За време на летниот период домаќинствата кои живеат во индивидуални куќи и притоа поседуваат базени во своите дворови практикуваат водата да ја топлат токму со колектори, оти така им е поевтино.

Анализирајќи ги сметките за струја со примената на овие колектори се покажува дека на годишно ниво можат да заштедат од 2.500 до 3.000 киловат-часови електрична енергија, а ова количество струја во зависност од цената на струјата може да ги чини повеќе од 13.000 до 15.000 денари.

Почнувајќи од 2007 година се одвоени значителни средства од буџетот за оваа намена. За овој временски период повеќе од 60.000 македонски семејства во своите домови имаат вградено сончеви колектори, што се однесува пак за вкупните заштеди на електрична енергија од сите изградени колектори овозможува на годишно ниво да се заштедат повеќе од 150.000 киловат-часови струја, а тоа во пари е над 6 милијарди денари.