државната награда „11 Октомври“ за животно дело

Актерот Петар Мирчевски и писателот и  ликовен уметник Димитри Дурацоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.  Во областа на науката „11 Октомври“ за животно дело му се доделува на академик Љупчо Коцарев.

Како што соопшти Министерството за култура, одлуката ја донел Одборот за  доделување на „11 Октомври“ за 2019 година, под претседателство на проф. д-р Драги Ѓоргиев.

Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградите на годинашните добитници ќе им бидат врачени на свеченост на 11 октомври 2019 напладне во Собранието.