Државјанин на Грција пронајден починат за време на лов во скопско Ново село

На 11 октомври во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат 69-годишниот Е.П. од Грција.

Според информациите од МВР, тој бил на лов со пријатели кога бил пронајден без знаци на живот.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила екипа од СВР Скопје.