Дрвокрадците ги пустошат македонските шуми, пресретнат уште еден камион со диво исечени дрва во Колари

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција, во атарот на село Колари вчера бил пресретнат камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

За сторителите се поднесени соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас. Од Министерството посочуваат дека продолжуваат акциите во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми. 

„Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата“, се наведува во соопштението.