Како последица на силниот ветер што попладнево зафати делови од Скопје, на улицата „Анкарска“ во населбата Капиштец се скрши старо дрво, при што беа оштетени неколку паркирани возила.
Полицијата е присутна на терен и го обезбедува местото на настанот. Поради паднатото дрво, сообраќајот на овој дел од улицата е целосно во прекин.
„Добиена е пријава за паднато дрво на улица ‘Анкарска’ кај популарно именуваниот реон ‘Млечен ресторан’. Паднатото дрво има оштетено три автомобили. Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера“, информираат од ЦУК.