Дрво падна и оштети спомен-плочи на гробиштата во Бутел, граѓаните планираат протест

На социјалните мрежи се појавија реакции за работата на погребалното претпријатие Бутел. Овој пат граѓаните рагираат на паднато дрво кое оштетило неколку споменици. 

-Имавме и досега реакции и теми со оваа проблематика, но ова веќе ја поминува сета гранца. Време е за протест пред управната зграда на АД Бутел, но дали вреди. Не се работи само за таа болка, џунгла на и помеѓу гробните места и споменици, туку веќе имаме и оштетувања на некои. И како да реагираме за овој уништен споменик, ќе ти речат „па што си садел дрво тука“, а ова дрво било исушено најмалку неколку години (ама кој е платен тоа на време да го среди) и веќе се гледа откако скапал коренот од сите страни тоа паднало и оштетило неколку спменици. Колку ли долго ќе стои сега вака паднато, пишува скопјанец на социјалните мрежи кој сподели фотографии од самото место. 

Во коментарите се наведува и следниов став:

-Поднесете кривична пријава. Прво ги загрозува живите (можело некому на глава да му падне), второ некој мора да е одговорен за ова скнавење на гробови. Трето, време е да се стави крај на башибозлукот на АД Бутел. Пред некое време бев на погреб, ногата ќе ја скршев од неисчистени искршени гранки кои паднале врз една дупка, пишува една скопјанка.