На социјалните мрежи се појавија реакции за работата на погребалното претпријатие Бутел. Овој пат граѓаните рагираат на паднато дрво кое оштетило неколку споменици.
-Имавме и досега реакции и теми со оваа проблематика, но ова веќе ја поминува сета гранца. Време е за протест пред управната зграда на АД Бутел, но дали вреди. Не се работи само за таа болка, џунгла на и помеѓу гробните места и споменици, туку веќе имаме и оштетувања на некои. И како да реагираме за овој уништен споменик, ќе ти речат „па што си садел дрво тука“, а ова дрво било исушено најмалку неколку години (ама кој е платен тоа на време да го среди) и веќе се гледа откако скапал коренот од сите страни тоа паднало и оштетило неколку спменици. Колку ли долго ќе стои сега вака паднато, пишува скопјанец на социјалните мрежи кој сподели фотографии од самото место.
Во коментарите се наведува и следниов став:
-Поднесете кривична пријава. Прво ги загрозува живите (можело некому на глава да му падне), второ некој мора да е одговорен за ова скнавење на гробови. Трето, време е да се стави крај на башибозлукот на АД Бутел. Пред некое време бев на погреб, ногата ќе ја скршев од неисчистени искршени гранки кои паднале врз една дупка, пишува една скопјанка.